четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хрватска по пенали во четвртфинале

Хрватска по пенали во четвртфинале

Хрватска вчеравечер го доби „трилерот“ со Данска и се пласира во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство.

„Коцкестите“ дури по изведувањето пенали ја елиминираа Данска иако пред мечот важеа за големи фаворити.

Резултатот по основните и дополнителните минути беше нерешен 1:1, а головите беа постигнати на самиот почеток. Данска поведе веќе во 1.минута преку Јоргенсен, изедначи Манџукиќ по само три минути.

Шанса да го реши победникот пропушти Лука Модриќ чиј удар од 11 метри на пет минути до крајот на второто продолжение го одбрани Каспер Шмајел.

Сепак, Модриќ успеа да го совлада Шмајхел во пенал серијата во која Хрватите погодија три пати, а Данците реализираа само два удари од белата точка.

Во четвртфиналето Хрватска ќе игра во сабота на 7 јули, во Сочи против Русија.

Токму домаќинот на Мундијалот, во првото вчерашно осминафинале исто така на пенали ја совлада Шпанија, откако резултатот по 120 минути беше 1:1.