Хрватската репрезентација се пласираше во полуфиналето од Светското првенство во фудбал откако вечерва по пенали го победи домаќинот Русија со 3:2.
Првите регуларни 90 минути завршија со по еден гол на двете страни. За Русите во 32 минута погоди Черишев, а Крамариќ изедначи во 40-та минута за Хрватите.
Во продолжението од натпреварот Вида го постигна вториот погодок за водство од 2:1 на „Коцкестите“, но радоста траеше до 115-та минута кога Марио Фернандез го изедначи резултот, по што се изведуваа пенали во кои Хрватите се покажаа како поуспешни и се пласираа во полуфиналето од Мундијалот.
Во полуфиналето од Светското првенство Хрватска ќе се сретне со Англија која претходно ја совлада репрезентацијата на Шведска со 2:0.