сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хрватската јавност со денови ја чекаше неговата одлука: Златко Далиќ со официјална потврда дали останува селектор на репрезентацијата

Хрватската јавност со денови ја чекаше неговата одлука: Златко Далиќ со официјална потврда дали останува селектор на репрезентацијата

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) и официјално потврди дека Златко Далиќ останува селектор на сребрената репрезентација од СП во Русија и покрај големиот број на шпекулации дека тој ќе замине некаде на Блискиот Исток.

Претседателот на ХНС, Давор Шукер и Далиќ имале состанок на кој отворено се зборувале за сите теми по што е договорено селекторот да остане.

„Беше важно да се зборува отворено со претседателот на сите теми и одлично е да се види дека тој има разбирање за моите прашања. Ги решивме сите несогласувања и одиме на нови предизвици“, вели Далиќ.

Далиќ ја презеде репрезентацијата пред последниот квалификациски меч во групите, по што Хрватска победи со 2:0 на гости кај Украина и обезбеди бараж во кој ја минаа Грција. По ова следуваше историскиот успех во Русија, каде што загубија со 4:2 во големото финале од Франција.