Скаутите 18 годишниот Елиф Емлас го понудиле на Динамо Загреб, а тој денеска е ѕвезда на Фенербахче, добро го познава играчот на Истра Агрон Руфати, со кого играл за македонската репрезентација и му бил цимер, пишува хрватскиот портал „24сата.хр“.
Елиф Елмас е опасен како ѓавол, има движење како Гаврановиќ (еден од најдобрите играчи на Динамо), а топката ја чува како Будимир. Динамо ќе мора на него да има „фластер“, вели Агрон Руфати.
Елиф Емлас има тек 18 години, а веќе е ѕвезда на Фенербахче, која годишно заработува 500.000 евра, се вели во текстот на „24сата“.
-Минатата година во мај неговиот татко сака Елиф да дојде во Динамо. Прашав во клубот, но тие кажаа дека би морал во Локомотива. Кога тоа го слушна само кажа: „Дај немојте да бидете смешни, каква Локомотива? Имаме понуди од големи клубови“. И така Елиф отиде во Фенербахче. И ете, сега игра против Динамо, раскажува фудбалскиот менаџер Дарко Алегиќ.
Елмас има играно за сите селекции, а соиграч му бил Руфати, се вели во текстот.
-Бевме цимери. Во Македонија е многу голема ѕвезда, сите го обожаваат. Се уште не е популарен како Горан Пандев, затоа што сепак тој е само еден, но се ближи кон таа негова популарност. Нека се пази Динамо Загреб, има страшен прв чекор. Кога ќе тргне, без проблем минува два-три играчи. Го чував на тренинг и верувајте не беше лесно. Пеколен играч е, го опишува својот соиграч од репрезентацијата и цимер дефанзивецот на хрватскиот клуб Истра.
Инаку, Елиф Елмас минатиов викенд го постигна својот прв официјален гол за Фенербахче, со кој му донесе победа од 1:0 на својот клуб.