понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хуан Мата се сели во Висел Кобе

Хуан Мата се сели во Висел Кобе

Поранешниот играч за врска на шпанската фудбалска репрезентација и на Манчестер јунајтед, Хуан Мата, му се приклучи на јапонски Висел Кобе каде настапуваше неговиот сонародник Андрес Иниеста, соопшти денеска азискиот клуб.

Светскиот првак 2010 и европски 2012 со Шпанија, 35-годишниот Мата се пресели во јапонскиот клуб без обесштетување, откако ова лето го напушти турски Галатасарај за кој во една сезона одигра 18 натпревари.

Мата во Висел Кобе го наследи поранешниот соиграч од репрезентацијата Иниеста, кој го носеше дресот на јапонскиот клуб пет сезони, од 2018 до 2023, како и сонародникот Давид Виља, кој беше дел од клубот во 2019 и 2020.

„Многу сум горд што ќе чекорам по нивните стапки во оваа земја“, порача Мата на денешната прес – конференција со јапонските новинари.