понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хулијан Алварез заминува од Сити во Барселона?

Хулијан Алварез заминува од Сити во Барселона?

Хулијан Алварез минатото лето дојде во Манчестер Сити од Ривер Плата за околу 20 милиони евра, но во следниот преоден рок би можел да замине на позајмица во Барселона бидејќи се уште не добива доволна минутажа кај менаџерот Пеп Гвардиола, објавија шпанските медиуми.

Аргентинскиот напаѓач, кој со својата земја го освои Светското првенство во Катар и постигна два гола во полуфиналето во Хрватска, ја нема очекуваната улога во Сити покрај Ерлинг Халанд, поради што не ја исклучува опцијата за заминување на лето, пишува „Мундо Депортиво“.

Шпанскиот медиум објави дека Сити планира да го продолжи договорот на Алварез кој сега е со важност до 2027 година и да му ја зголеми платата по настапот на Мундијалот, но фудбалерот сѐ уште нема постигнато договор со раководството на клубот од Манчестер.