четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

И Ливерпул е во трката за потписот на Мбапе

И Ливерпул е во трката за потписот на Мбапе

Како што тврди „Дејли Експрес“ Ливерпул има план да го ангажира Килијан Мбапе следното лето кога Французинот ќе биде слободен агент.

Мбапе, играчот на ПСЖ досега се поврзуваше и со трансфер во редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид.

И натаму нема никакви најави за продолжување на соработката со париските „светци“, важечкиот договор му трае до 30 јуни 2022 година. Моментно според „Трансфермаркт“ вреди 160 милиони евра и станува збор за моментно еден од најдобрите напаѓачи на светот.

22-годишниот фудбалер постигна гол во победата над Стразбур (4:2) во саботата во првиот меч од новата сезона во „Лига 1“.

Исто така денеска „Дејли Телеграф“ информира дека напаѓачот на Ливерпул, Дивок Орижи се наоѓа на „радарот“ на Вулверхемптон, Кристал Палас и Вест Хем на две недели пред крајот на преодниот рок.