недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

И Меси му честиташе на Верати за новиот предизвик: Веќе знаеш…

И Меси му честиташе на Верати за новиот предизвик: Веќе знаеш…

Марко Верати нема повеќе да го гледаме во дресот на Пари Сен Жермен, тим на кој му беше верно посветен во претходните 11 сезони.

Италијанецот повеќе од една деценија беше многу важен играч на „светците“, но по доаѓањето на тренерот Луис Енрике и новиот проект на клубот тој беше отпишан и мораше да побара нова средина. Тој ја напушта Европа и во иднина ќе настапува за Ал Араби од Катар, тим во кој веќе беше претставен како нов играч.

Килијан Мбапе како еден од лидерите на ПСЖ го испрати Верати во новата средина, а тоа го направи и Лионел Меси кој по се изгледа развил добар однос со Италијанецот во двете години минати на „Паркот на принцовите“.

-Со среќа во новата етапа. Веќе знаеш дека секогаш ти го посакувам најдоброто, -порача Лео на Инстаграм.