Златан Ибрахимовиќ откако најави дека во септември ќе добие свој филм со наслов „Јас сум Златан“, повод 40. роденден во октомври , ќе издаде и книга.
„Газета дело Спорт“ објави дека Ибра ќе објави детали од својот живот кои досега не ги споделил со јавноста.
-Во оваа книга ќе ви ги откријам другите детали од мојот живот. Постојат моменти кои сакам да и ги прераскажам на јавноста, моменти кои досега не беа достапни од мојот живот. Во книгата ќе ви раскажам непознати детали од мојата кариера, изјави Ибрахимовиќ.