Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, се најде во сферата на интерес на италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина.
Сегашниот договор на 38-годишниот играч со американскиот клуб истекува во декември, пренесува Ла Назионе.
Оваа сезона, Ибрахимовиќ настапи на 29 натпревари во МЛС, постигна 30 голови и оствари седум асистенции.
Претходно, Ибрахимовиќ веќе настапуваше во Серија А, играјќи за Јувентус, Интер и Милан.