сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ибрахимовиќ може да замине во Хамарби по крајот на сезоната

Ибрахимовиќ може да замине во Хамарби по крајот на сезоната

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ по крајот на сезоната, кариерата може да ја продолжи кариерата во својата татковина.

Триесет и осумгодишниот Швеѓанец сака да потпише договор со Хамарби, клуб кој е во косопственост на самиот Ибрахимовиќ, објави новинарот Николо Скира.

Договорот на напаѓачот со Милан важи до 30 јуни 2020 година.

Во блиска иднина, Мино Рајола, агентот на Ибрахимовиќ, ќе разговара за иднината на играчот со извршниот директор на „росонерите“, Иван Газидис.