понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ибраими: Убаво е чувството пак да се облече дресот на Македонија

Ибраими: Убаво е чувството пак да се облече дресот на Македонија

Бесарт Ибраими, напаѓачот на лидерот Струга Трим Лум после пет години повторно го облекува македонскиот дрес, иако овојпат не како дел од А-репрезентатијата туку како дел од прволигашката селекција која во сабота во Абу Даби ќе одигра контролен меч со улесникот на СП, Саудиска Арабија.

Ибраими беше репрезентативец од 2009 до 2017 година и собра 17 настапи, но во екот на создавањето на „златната генерација“ која во последните две години ја радувае македонската јавност, не беше воопшто во плановите за најсилниот национален тим.

„Убаво е чувството повторно да се биде во дресот на репрезентацијата. Сите што сме овде треба максимално одговорно да ја сфатиме нашата задача и да се обидеме да направиме позитивен резултат против Саудиска Арабија. Нѐ очекува силен предизвик. Противникот се подготвува за настап на Светското првенство и веројатно ќе бидат мотивирани за победа и зголемување на самодовребата пред почетокот на Светскиот шампионат. Наше е да го покажеме квалитетот, да ја оправдаме довербата на селекторот и да потврдиме дека и во нашата лига има фудбалери со репрезентатитевен потенцијал“, вели Ибраими.