Иднината на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг во Арсенал ќе биде решена по финалето на ФА Купот, пренесува „Goal.com“.
Според изворот, 31-годишниот Габонец ќе се согласи да остане во тимот доколку победи, бидејќи сака да игра на европските натпреварувања.
Во случај на пораз, „Топчиите“ ќе бидат лишени од можноста да играат на европските натпреварувања во сезоната 2020/21.
Финалето на ФА Купот, Арсенал – Челзи ќе се игра в сабота на 1 август.
Во сезоната 2019/20, Обамејанг одигра 43 натпревари за Арсенал, постигна 27 голови и три асистенции.