Пред утрешната средба со Украина во рамките на второто коло на ЕП на денешната средбата со новинарите македонскиот селектор Игор Ангеловски потенцира дека нашиот тим поседува квалитет и ќе се обидеме да го добиеме овој меч.
„Најважната лекција е да верувам дека имаме квалитет и тоа го покажавме во делови од натпреварот. Сакавме да го добиеме натпреварот и во некои моменти тоа го покажавме. Кога се „кршеше“ резултатот имавме две шанси и не ги реализиравме. Ова е Европско првенство, мора да останеме концентрирани, играме со селекции од висок ранг, и само така имаме шанси против Украина. Дојдовме тука со цел да се бориме за пласман во осминафиналето и таа цел уште стои и е пред нас. Ова е своевидно финале, победникот од натпреварот ќе ги зголеми шансите за осминафинале. Доколку Украине не успее да ја мине групата, тоа за нив е трагедија. Ќе играме против многу квалитетна селекција, покажаа карактер и се вратија од 2-0 против Холандија Имаат квалитетни индивидуалци како Малиновски, Зинченко, Јармоленко, но и ние имаме свои адути. Ние не чувствуваме притисок како нив. Не би можел да кажам повеќе за и околу тимот и тоа ќе го одлучиме по завршувањето на официјалниот тренинг.