Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски е задоволен од прикажаното на пријателскиот натпревар со Словенија, но очекува до почетокот на Европското првенство да се поправат некои грешки кои беа направени вечерва во Скопје.
– Благодарност до навивачите за поддршката. Жалам што не успеавме со победа да прославиме. Во второто полувреме противникот до самиот крај не се ни доближи до нашиот гол. Ние требаше да дадеме уште еден гол и да го решиме победникот. Се обидов да им дадам можност на повеќе фудбалери. На крајот кога се ќе се собере, целта што беше за овој натпревар ја постигнавме. Очекувам до натпреварот со Австрија да ги искорегираме сите пропусти затоа што на Европското првенство ќе немаме право ниту на најмала грешка – изјави Ангеловски на прес-конференцијата по дуелот со Словенија.
Следниот натпревар, исто така контролен, македонските фудбалери ќе го имаат в петок (4 јуни) со Казахстан, исто така на „Тодор Проески“ во Скопје.