недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Играч претепува судија на терен во Австралија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Играч претепува судија на терен во Австралија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На мечот меѓу Гринакр Иглс и Падстоу Хорнетс, главниот судија беше брутално претепан од фудбалер, а видеото кое беше објавено на интернет ги шокира луѓето ширум светот.

На крајот од натпреварот, еден исклучен играч слезе од трибините на теренот и брутално го нападна судијата, кој се здоби со тешки повреди.

На снимката јасно се гледа како играчот го удира судијата по лицето, а потоа продолжува да го удира на земја, додека случајните минувачи не го сопреа агресивниот напаѓач и не ја смирија ситуацијата.