Интер Мајами загуби (0-3) од Њујорк во разигрувањето за титулата во американската МЛС лига во последниот натпревар во кариерата на прославениот аргентински фудбалер Гонзало Игуаин (34).
Откако судијата означи крај на натпреварот, Игуан со насолзени очи остана неколку минути на теренот во апсолутна тишина.
-Мојот сон заврши. Се чувствував како да заврши тоа што најмногу го сакав. Тоа траеше половина од мојот живот, мојата кариера, 17 и пол години. Низ мислите ми проаѓаа сликите од целата моја кариера, сè што работев и проживеав. Заминувам среќен, бидејќи давав максимум до денес. Сонот заврши и почнува друг живот, им изјави Игуаин на новинарите.
Игуаин претходно овој месец ја најави својата одлука за пензионирањето, а не успеа да дојде до последниот трофеј во кариерата бидејќи неговиот Интер загуби на „Сити Филд“.
Аргентинскиот фудбалер освои три шпански титули со Реал Мадрид и исто толку во Серија А со Јувентус, но рече дека неговото најголемо достигнување е што бил познат како „добра личност“ во текот на целата своја кариера.