среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Игуаин објасни зошто никогаш нема да стане тренер

Игуаин објасни зошто никогаш нема да стане тренер

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин призна дека нема да започне со тренерска кариера.

-Нема да станам тренер заради менталниот и психолошкиот стрес кој е неизбежен во оваа професија. Сите тренери доаѓаат во тимот со своја боја на коса и по три години тие стануваат седи, изјави Игуаин.

Минатата сезона, 32-годишниот напаѓач одигра 32 натпревари во Серија А, во кои постигна осум гола и направи четири асистенции. (МИА)