сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Икарди се сели во Арсенал?

Икарди се сели во Арсенал?

Фудбалскиот клуб Арсенал би можел да го замени Пјер-Емерик Обамајанг за Мауро Икарди.

Според италијанските медиуми, напаѓачот на Пари Сен Жермен наскоро би можел да се пресели на Островот.

Аргентинецот сепак е официјално играч на Интер, но тој сигурно нема да се врати во тој клуб, па ќе мора да бара ново опкружување ако парижаните не решат да го откупат неговиот договор.

Тука на сцена стапуваат „топџиите“, кои веројатно наскоро ќе треба да го продадат напаѓачот од Габон, кој, според медиумите, е незадоволен од клубот.

Обамејанг честопати се поврзуваше со трансфер во друг клуб, меѓу другите и во Реал Мадрид.