четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Илиевски: Оваа генерација може да го повтори успехот на „златните момци“!

Илиевски: Оваа генерација може да го повтори успехот на „златните момци“!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ги стартува подготовките за престојните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2025 година во Словачка.

Селекцијата предводена од Драган Канатларовски на стартот на овие квалификации и гостува на незгодната Шведска а во рамките на второто коло, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ја дочекуваме силната репрезентација на Холандија.

Напаѓачот Марио Илиевски со нетпрение го очекува старот на квалификациите и првиот меч против „трите круни“.

„Владее одлична атмосфера во репрезентацијата уште од самиот почеток, функционираме како еден тим. Подготвени сме сите заедно да го дадеме максимумот на секој натпревар што следи. Ги воочивме грешките, извлековме голема поука и научивме многу од претходните контролни мечеви, поготово на тие кај што бевме поразени. Од натпревар во натпревар се повеќе напредуваме, играме подобро и поквалитетно. Располагаме со одличен состав, сите со нетрпение го очекуваме стартот на квалификациите и првиот дуел со Шведска на гости.

Оваа генерација има квалитет, но и огромна желба за остварување на големи резултати. Очекувам на претстојните квалификации да одиграме на едно високо ниво, со голема борба и пожртвуваност и верувам дека доколку биде се во ред ќе имаме успешни квалификации.

Добро ја анализиравме играта на Шведска и на тимско и индивидуално ниво. Селекција која располага со многу квалитетни фудбалери кои настапуваат во големи европски клубови. Фокусирани сме максимално на првиот меч. Сакаме да ги отвориме квалификациите со победа и освојување на три бода. Сигурен сум дека имаме квалитет и можеме да го повториме историскиот успех од 2017 година и учеството на тогашната ререзентација на Македонија на ЕП“, изјави Илиевски.