вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Има неделна плата од 200.000 фунти и се појави со вишок килограми, Вилијан ја следел диетата на Азар (ФОТО и ВИДЕО)

Има неделна плата од 200.000 фунти и се појави со вишок килограми, Вилијан ја следел диетата на Азар (ФОТО и ВИДЕО)

Навивачите на Арсенал се бесни откако Вилијан се појави со вишок килограми на стартот од подготовките, Бразилецот е еден од најплатените фудбалери во тимот со неделни примања од околу 200.000 фунти.

Вилијан минатото лето се пресели во Арсенал од редовите на Челси, Бразилецот пристигна како слободен играч па доби богат договор, кој со основна плата, премија за потпис, премија за лојалност и други бонуси, вреди 35 милиони фунти за три години.

Бразилецот е еден од најплатените во тимот, но имаше мал учинок на терените. Тој сега дополнително го навлече гневот на фановите откако се појави со вишок килограми на стартот од подготовките.

На пријателскиот натпревар против Хиберниjан убаво можеше да се види дека Вилијан на одмор ја следел диетата на Еден Азар и пуштил стомак.