сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Инаки Вилијамс ја избра Гана

Инаки Вилијамс ја избра Гана

Инаки Вилијамс, 28-годишниот фудбалер на шпанскиот прволигаш Атлетик Билбао, објави денеска на социјалните мрежи дека одлучил во продолжение на кариерата да го носи дресот на Гана.

Неговите родители се родени во Либерија, но поради граѓанската војна во оваа држава ја напуштиле татковината и преку бегалски камп во Гана се доселиле во Шпанија, поточно во Билбао каде во 1994 година е роден напаѓачот на Атлетик.

Од 2014 година Вилијамс е член на прволигашот од Билбао, а во кариерата запиша 17 настапи за селекцијата на Шпанија до 21 година, а одигра и еден натпревар за сениорската репрезентација на Црвената фурија.