Фудбалерот на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс, постави нов рекорд во шпанското фудбалско првенство.
Со вечерашниот настап против Алавес, Вилијамс стигна до 203 настап по ред во Ла Лига, со што го надмина досегашниот рекорд на Јон Андони Ларанага од Реал Сосиедад, кој беше актуелен од 1992 година.
Инаки Вилијамс ја започна серијата во 34. коло од сезоната 2015/16, што значи дека нема пропуштено натпревар во домашното првенство од април 2016 година.
Рекордот на Инаки е далеку зад тие во другите квалитетни лиги во Европа, па во Германија сопственик е Сеп Мајер со 442 настапи по ред, додека во Англија Бред Фридел е рекордер со 310 настапи во серија.