недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Инфантино: Расизмот нема место во фудбалот

Инфантино: Расизмот нема место во фудбалот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави денеска дека расистичките навреди, чија цел вчера во Торино беше напаѓачот на милански Интер, Ромелу Лукаку, „едноставно се неприфатливи“ и додаде дека „расизмот нема свое место во фудбалот“.

„Во фудбалот нема место за расизам или кој било друг облик на дискриминација. Едноставно е неприфатливо да се гледаат расистички навреди кои навивачите ги упатуваат кон напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку“, истакна Инфантино во соопштение до јавноста.

„ФИФА и јас стоиме зад Ромелу Лукаку“, додаде Инфантино.

Вчеравечер, на крајот од првиот полуфинален натпревар против Јувентус (1-1) во Купот на Италија, репрезентативецот на Белгија беше цел на расистички навреди од публиката при израмнувачкиот гол од пенал.

Јувентус, Интер, Серија А, како и адвокатскиот тим на Лукаку денеска остро го осудија инцидентот.