вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Инфантино: Судиите отсега поинаку ќе ги објаснуваат одлуките со ВАР

Инфантино: Судиите отсега поинаку ќе ги објаснуваат одлуките со ВАР
MOSCOW, RUSSIA - JUNE 21: Video Assistant Refereeing (VAR) Room at the Internatinal Broadcasting Centre on June 21, 2018 in Moscow, Russia. (Photo by Joosep Martinson - FIFA/FIFA via Getty Images)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино со објава на Инстаграм најави промена во фудбалот.

„Ова е многу важна порака за сите љубители на фудбалот кои сакаат појасни судиски одлуки. Гледајте го внимателно Светското клупско првенство на ФИФА, кое започнува на 1 февруари во Мароко, бидејќи ќе видите важна промена во начинот на кој судиите ги соопштуваат одлуките поврзани со ВАР. За прв пат судијата ќе користи микрофон за да им зборува на навивачите на стадионот и на телевизиската публика дома, објаснувајќи зошто е донесена одлуката. Ова е дел од судиското тестирање на ФИФА, сакаме да ја подобриме јасноста и образованието на ВАР. Се надеваме дека ќе ви се допадне“, напиша Инфантино на Инстаграм.

Телото за донесување фудбалски правила ИФАБ објави во средината на јануари дека судиите ќе ги објаснуваат одлуките на ВАР – и на гледачите на стадионите и на оние пред телевизорите – за пробен период од 12 месеци, почнувајќи од Светското клупско првенство, кое ќе се игра од 1 до 11 февруари во Мароко.

Иако ВАР се користи веќе неколку години, а се користеше и на последните две Светски првенства, сепак се појавуваат контроверзи околу некои одлуки. Разговорот меѓу судијата и неговиот помошник во ВАР просторијата ќе остане приватен, но судијата ќе има микрофон за да и ја објасни конечната одлука на јавноста.

Сметаме дека ова е важен чекор кон транспарентност, а повеќе информации ќе добие и публиката на трибините“, соопшти ИФАБ.