Главна тема во фудбалскиот свет претходниве денови е преминот на Лионел Меси од редовите на Барселона во ПСЖ, а таквиот развој на настаните го коментираше и долгогодишнииот соиграч на Аргентинците од редовите на каталонскиот гигант, легендарниот Андрес Иниеста.
„Не знам што се случи на релација Меси- Барселона, како се одвиваа работите, но знам дека клубот ќе мора долго да се опоравува од овој трансфер. Ќе ме зболи кога ќе го видам Меси во дрес на друг клуб. Лео е персонификација на Барсеа. Тој беше се, играч кој го надминува тимот. Никогаш не сум видел играч како него и не верувам дека некогаш ќе видам“– изјави 37 годишниот Андрес Иниеста, сега капитен на Висел Кобе.
„Сепак мислам дека Барса ќе продолжи да виде еден од најдобрите клубови, еден од оние кои мора да се на врвот“– вели легендарниот Шпанец.
Меси со ПСЖ потпиша двегодишен договор, а за партнери во нападот ќе ги има некогашниот соиграч од Барселона, Нејмар и младиот Французин Килијан Мбапе.