недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Иниеста повторно во дресот на Барселона?

Иниеста повторно во дресот на Барселона?

Познатиот шпански играч за врска Андрес Иниеста и официјално е слободен играч откако стави крај на петгодишниот ангажман во јапонскиот Висел Кобе.

Триесет и деветгодишниот мајстор на фудбалот наскоро ќе објави дали и каде ќе ја продолжи кариерата, но во меѓувреме работи на проект кој ќе го доведе повторно да го облече дресот на неговата сакана Барселона.

Имено, планирано е да се организира пријателски натпревар помеѓу Барселона и Кобe, кој би се одиграл во знакот на Андрес Иниеста. Тој ќе игра по едно полувреме за двете екипи.

Барселона наводно без проблем се согласила на оваа идеја, додека сега го чека „зелено светло“ од Кобe.