сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Иниеста: Убаво би било јас и Чави да ја предводиме Барселона, но тоа е комплицирано

Иниеста: Убаво би било јас и Чави да ја предводиме Барселона, но тоа е комплицирано

Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Андрес Иниеста потврди дека постојат мали шанси да му се приклучи на Чави Ернандез во стручниот штаб на Барселона, објави весникот „Марка“.

Иниеста и Чави беа клупски колеги во Барселона. Чави сега е тренер на каталонскиот клуб, а Иниеста настапува за јапонски Висел Кобе.

– Мислам дека тоа е многу тешко. Луѓето замислуваат многу работи, бидејќи со години нè гледаа како играме заедно. Би било навистина убаво и добро, но такво нешто е многу сложено. Тој е тренер, а јас сум сè уште активен фудбалер. Тоа е тешко да се спои. Важно е Чави да ја врши својата работа и да ја врати Барселона таму каде заслужува да биде“, рече Иниеста, кој за време на Светското првенство во Катар го посети тренинг кампот на Барселона.

„Уверен сум дека Барселона оваа сезона може да ја освои титулата. Испаднаа од Лигата на шампиони и тоа беше тежок удар за сите, но останаа во сите други натпреварувања. Во Ла Лига стојат добро, преостануваат уште многу натпревари, но уверен сум дека ќе ја освојат титулата“, додаде Иниеста.