четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Иниеста заминува во Кина поради бизнисот со вино

Иниеста заминува во Кина поради бизнисот со вино

Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста, веројатно на крајот од сезоната ќе замине во кинескиот клуб Тјанџин, а шпанскиот весник „Марка“ објави дека главна причина за ваквата одлука е неговиот бизнис со вино.

Иниеста во 2010 година ја основаше винаријата „Бодега Иниеста“ и сега има намера да се прошири на азискиот пазар.

– Веќе знам што ќе правам во иднина, им благоидарам на навивачите, но тоа нема да ја смени мојата одлука, истакна фудбалерот.

Интересно е дека ова се случи откако Иниеста потпиша нов договор со Барселона, што му овозможува да остане во каталонскиот клуб до крајот на кариерата.

Договорот што допрва треба да го потпише со Тјанџин се проценува на 30 милиони евра.

МИА