Екипата на Наполи може многу лесно во овој преоден рок да остане без улугите на својот капитен Лоренцо Инсиње.
Офанзивецот има уште една година од актуелниот договор со клубот и како што стојат работите нема да дојде до продолжување на соработката затоа што Наполи не сака да му ја зголеми годишната плата на Италијанецот која изнесува 5 милиони евра.
Наполитанците сакаат да ги намалат трошоците и загубите кои настанаа со пандемијата со КОВИД-19, па според „Газета Дели Спорт“ и „Кориере Дело Спорт“ клубот веќе му поставил цена на Лоренцо и истата е 30 милиони евра.
Ако некој ја даде бараната сума тогаш италијанскиот репрезентативец ќе може да го напушти клубот од кого е дел од 2010 година.
Крилниот напаѓач во изминатиов период се поврзуваше со Тотенхем и Барселона.