вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер на пат да донесе 24-годишен напаѓач

Интер на пат да донесе 24-годишен напаѓач

Интер направи голема промена во нападот ова лето.

Актуелниот шампион на Италија го продаде Ромелу Лукаку на Челзи за 115 милиони евра, а како замена го донесе Един Џеко од Рома потполно бесплатно.

Желбата на раководството на клубот е да ангажира уште еден напаѓач. Бројни имиња се поврзуваат со Интер, а нов член на клубот може да стане францускиот напаѓач Маркус Турам.

Според Скај Спорт Италија, „нероѕурите“ веќе започнале преговори со агентот на 24-годишниот фудбалер Мина Раиол и ќе се обидат да го доведат Турам во своите редови до крајот на преодниот рок.

Турам може да игра на повеќе офанзивни позиции, што е многу атрактивна опција за Интер и би сакале да го видат во нивните редови.