понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер на преговори со Алваро Мората

Интер на преговори со Алваро Мората

Алваро Мората се наоѓа пред заминување од Атлетико Мадрид, шпанскиот голгетер веќе ги договори личните услови со Рома, но тој трансфер би можел да се искомпликува откако во трката се вклучи и Интер. „Нероаѕурите“ се во потрага по нови голгетери по заминувањата на Џеко, Лукаку и на Кореа, а директорот Марота е убеден дека може да ги замрси сметките на „волчицата“ нудејќи далеку подобри услови од римскиот клуб.

Агентот на Мората, Хуанма Лопез, денеска допатува во Милано каде имаше директни разговори со раководните луѓе на европскиот вицепрвак. „Нероаѕурите“ веќе испратија и понуда од 15 милиони евра до Атлетико, што е за пет милиони повисока од она што го понуди Рома за истиот фудбалер. Челниците на клубот се подготвени да ја зголемат и понудата за самиот голгетер, се со цел да го убедат тој да се пресели на „Џузепе Меаца“ наместо на „Олимпико“.

Во секој случај, Мората е многу блиску до камбек во италијанскиот фудбал, каде со успех настапуваше за Јувентус од 2014 до 2016 година, стигнувајќи до шампионските скудета и до финалето на Лигата на Шампионите со „старата дама“.