Интер сака да ја искористи актуелната ситуација на Инсиње во Наполи и да го ангажира италијанскиот репрезентативец.
Инсиње нема постигнато договор со Наполи за продолжување на соработката и може да биде продаден ова лето за 30 милиони евра, а заинтересиран за него е Интер, пишува Скај Спорт Италија.
Актуелниот договор на Инсиње истекува во јуни 2022 година и преговорите меѓу двете страни за продолжување не се одвиваат најдобро.
Ако Наполи не го продаде Инсиње ова лето, ризикува тој да замине како слободен играч по крајот на сезоната.
Интер ова лето ги продаде Хакими и Лукаку, а си замина и Конте, па можеби ангажман на Инсиње ќе ја ублажи нервозата кај фановте на тимот од потезите на раководството.