Интер води со 1:0 против Јувентус во финалето во Купот на Италија кое се игра на „Олимпико“ во Рим. Николо Барела уште во 7.минута со фантастичен погодок од околу дваесетина метри го совлада голманот на тимот од Торино, Перин.
По тој гол Јуве имаше барем три идеални шанси, но Хандановиќ беше фантастичен на голот на “неро-аѕурите“.
Секако дека возбудувањата ќе продолжат во вториот дел. Јуве ќе се обиде со сите сили да ја анулира предноста на својот голем ривал.
What a strike from Nicolo Barella!!
— Jerry Mancini (@jmancini8) May 11, 2022