Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ги пофали своите фудбалери по синоќешниот триумф над Барселона во третото коло од Лигата на шампионите.
Интер во Милано забележа победа со 1:0 со голот на Хакан Чалханоглу во судиското надополнување од првото полувреме.
– Одигравме одличен натпревар против многу силен противник со високо ниво на вештина. Заедно го задржавме налетот на ривалот. Добро комбиниравме. Среќен сум за моите играчи, за клубот и за навивачите. Прекрасна вечер, но ништо не е готово. Победивме една од најсилните екипи во светот. Кога секој е подготвен да се жртвува, можете да уживате на таквите натпревари. Играме без Брозовиќ и Лукаку. Се надевам дека нема да има други повредени, иако неколку играчи на крајот од мечот имаа грчеви во мускулите, изјави Инзаги.
Во Ц-групата води Баерн со максимални девет бода, Интер има шест, Барселона три, Викторија Плзењ е без освоен бод.