Реал Мадрид беше подобар во првото „Ел Класико“ во оваа натпреварувачка кампања. Домаќините славеа со 3-1 над Барселона, победа со која се издвоија на врвот со три бода повеќе во однос за лутиот ривал за кого ова воедно беше прв пораз во шампионатот.
Карим Бензема, Федерико Валведе и Родриго ги постигнаа головите, но Лука Модриќ одново беше меѓу најдобрите на теренот со тоа што еден негов потег се издвои кога во вториот дел успеа да го седне на тревникот младиот Педри.
Овојпат искуство ја победи младоста.