вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Испратена одлична понуда до Интер за Онана – „нераѕурите“ ја одбија

Испратена одлична понуда до Интер за Онана – „нераѕурите“ ја одбија

Ерик Тен Хаг и дефинитивно реши да тргне со сите сили кон голманот на Интер, Андре Онана.

„Црвените ѓаволи“ доставиле официјална понуда до Интер за услугите на нивниот голман, во висина од скоро 40 милиони евра, но Интер истата ја одбил експресно.

Како и да е, Интер бара за својот голман 50 милиони евра, а Џанлука Ди Марзио тврди дека Интер нема да го ослободи голманот доколку некој за него не ја исплати бараната сума.

На Давид Де Геа му заврши договорот во Јунајтед и неизвесно е дали ќе остане во Манчестер како втор голман и ќе продолжи на една години или ќе реши да ја промени средината.

Доколку Тен Хаг и Јунајтед го посакуваат Онана на голот, ќе мора да ги пресретнат барањата на Интер за овој голман.