сабота, 30. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Истраги за даночни измами во португалскиот фудбал

Истраги за даночни измами во португалскиот фудбал

Португалското правосудство соопшти денеска дека спроведува серија истраги против фудбалски клубови во земјата поврзани со затајување данок.

Во соопштението се наведува дека 40 даночни инспектори и 50 полицајци досега спровеле 20 истраги во клупски простории, како и компании и адвокатски канцеларии со кои соработуваат фудбалските клубови.

Истражителите се сомневаат дека фудбалските клубови и менаџери на нивните фудбалери склучувале договори со кои ги прикривале од даночните власти реалните приходи.

Се проценува дека даночните измами го оштетиле буџетот за околу 15 милиони евра, а медиумите наведуваат дека во прв план на даночната истрага се прволигашите Брага и Виторија Гимараеш.

Во понеделникот беше спроведена рација и во просториите на Порто, а фокусот на истражителите биле провизии исплаќани при трансфер на фудбалери, во вкупна висина од 20 милиони евра. (МИА)