четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италија експресно ги распродаде билетите за баражот со Македонија

Италија експресно ги распродаде билетите за баражот со Македонија

Италијанските навивачи експресно ги купија билетите за мундијалското полуфинале во плејофот со Македонија на 24 март во Палермо, па за два дена откако прво купуваа приврзаниците со членски карти, а потоа останатите, продадени се 26.000 влезници. Италијанската федерација (ФИГЦ) објави дека во првиот дел од продажбата за верните членови продадени се 6.000 влезници, а вчера откако почна слободната продажба на билети продадени се дополнителни 20.000 влезници со што е исполнет капацитетот од 75 отсто колку што во моментов дозволуваат ковид-регулативите на Апенините.

За неполни три недели Македонија гостува на „Ренцо Барбера“, но постои сѐ уште можност да се дозволи полн капацитет на стадионот, па ако такво нешто се случи, а од поодамна се најавува, дополнителен контингент на влезници ќе бидат пуштени во продажба и тие веќе извесно експресно ќе бидат купени.