вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италија и без Ди Лоренцо против Македонија?

Италија и без Ди Лоренцо против Македонија?

Европскиот фудбалски првак Италија веројатно ќе мора да игра и без десниот бек Џовани Ди Лоренцо откако се повреди на меч за Наполи во триумфот против Удинезе.

Ди Лоренцо по еден судир со Силвестре се пожали на болка во коленото, откако претходно по лекарската интервенција се обидел да продолжи.

Фудбалската репрезентација на Италија практично ќе биде без комплетната одбрана која го почна ЕУРО 2020 и на крај го освои, зашто од поодамна го нема ни Леонардо Спинацола, кој во завршницата на ЕП ја скина ахиловата тетива, а повредени се и двајцата стопери Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи.

Според последните информации од Италија, скоро невозможно е Бонучи да игра со Македонија, а малку поголеми шанси има да настапи Кјелини.