Италија важи за еден од топ фаворитите за титула на ЕУРО, составот на Роберто Манчини игра извонредно, а статистиката е неверојатна.
На ЕУРО, Италија е една од трите репрезентации кои во групната фаза запишаа три победи, заедно со Англија се двете репрезентации кои не примија гол, а постигнаа седум, упатија најмногу шутеви кон голот, вкупно 46.
Според „SofaScorea“ само Шпанија и Германија имаа поголем посед на топка од Италија, статистика која говори дека италијанската репрезентација е еден од фаворитите за титулата.
Интересно е дека само седум играчи од актуелниот состав на Италија се фудбалери на големите клубови, Јувентус, Наполи и Интер, останатите доаѓаат од клубови Аталанта, Сасуоло…