Италијанското обвинителство после еден месец откако беше потврдена девет годишната затворска казна за силување за бразилската легенда Робињо, официјално распиша меѓународна потерница, но поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Милан тешко дека ќе биде екстрадиран на Апенините, освен ако не го напушти Бразил.
Робињо беше осуден на девет години затвор за силување на млада Албанка во Милано во 2013 година додека играше за „росонерите“, а пред еден месец Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда, но Италија не може да го добие Робињо за одлежување на казната, зашто нема договор за екстрадиција со Бразил, кој свои државјани не ги екстрадира во други земји.
Италијанците се надеваат дека Бразил ќе го уапси Робињо врз база на пресудата и дека поранешната ѕвезда ќе ги одлежи годините затвор во својата земја, но засега од тоа нема ништо, па сега е распишана меѓународна потерница со која Бразилецот би бил уапсен секаде ако ја напушти својата татковина.
Робињо беше еден од неколкумината силувачи кои ја нападнале младата девојка во еден ноќен клуб и ја силувале.