вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италија забрани гостински навивачи за реваншот меѓу Наполи и Ајнтрахт

Италија забрани гостински навивачи за реваншот меѓу Наполи и Ајнтрахт

Навивачите на Ајнтрахт од Франкфурт нема да добијат дозвола да присуствуваат на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампиони идната недела против Наполи во Неапол, а италиjaнското Министерство за внатрешни работи планира да спречи продажба на билети за гостински навивачи, официјално соопшти германскиот клуб.

Ајнтрахт на првиот натпревар во Германија загуби со 2-0, а на реваншот очекуваше да има поддршка од нешто помалку од 3.000 свои навивачи.

„Ајнтрахт Франкфурт официјално e известен од УЕФА дека италијанското МВР ќе издаде уредба со која на фудбалскиот клуб Наполи му се забранува продажба на влезници за навивачи на Ајнтрахт за реваншот на 15 март. Ова го вклучува целиот контингент гостински навивачи од 2.700 билети“, соопшти клубот од Франкфурт.

Навивачите на Ајнтрахт и Наполи се судрија во Франкфурт, а полицијата тој натпревар го оквалификува како високо ризичен.

Германскиот клуб реагираше на одлуката на италијанските власти, оценувајќи дека тоа може да претставува опасен преседан.