четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италија заработи 34 милиони евра за освоенатa титула на ЕВРО 2020

Италија заработи 34 милиони евра за освоенатa титула на ЕВРО 2020

Италијанската фудбалска репрезентација заработи 34 милиони евра за освојување на титулата на Европското првенство во фудбал.

Англија заработи 30,25 милиони евра откако загуби по изведувањето на пенали во финалето на „Вембли“.

УЕФА распредели рекорден награден фонд од 371 милиони евра на шампионатот, при што секоја од 24-те учеснички екипи има загарантиран бонус од 9,25 милиони евра, како и дополнителни бонуси за победи и нерешени резултати во групната фаза и за пласман во секоја од елиминациите рунди.