Англиските навивачи останале непријатно изненадени од изведбата на химната во пресрет на почетокот на натпреварот од квалификациите за Евро 2024 година.
Натпреварот се играл на стадионот Диего Марадона во Неапол, а веднаш на првите тактови на англиската химна „God Save The King“, навивачите започнале да ја исвиркуваат пејачката.
Пејачката Елинора, која ја изведувала химната, имала одредени технички потешкотии, ги погрешила зборовите на химната, споменувајќи ја кралицата наместо кралот, а ако на тоа се додаде и вревата која доаѓала од трибините, нејзината изведба на крајот испаднала катастрофа.
Wow. Got to be the worst national anthem performance I’ve ever watched 😭 #ITAENG pic.twitter.com/LYiev3KcGl
— Kyle Gacheru (@KyleGacheru) March 23, 2023
Бурни реакции од Англичаните
Англиските фудбалери во неверување се погледнувале, а многу брзо започнале да се нижат и коментари на социјалните мрежи кои биле исклучително остри.
„Ова е најлоша изведба на химната во историјата“, „Ја искасапи англиската химна“, „Другпат доверете му ја работата на некој кој ги знае зборовите“, гласат дел од коментарите, а се јавил и поранешниот фудбалер Џејми О’Хара.
„Националната химна беше хаос“, напишал O’Хара на Твитер.
Wow national anthem was a shambles #England
— Jamie Ohara (@Mrjamieohara1) March 23, 2023
Која е Елинора?
За нештата да бидат поинтересни, по изведбата се огласила и самата Елинора со прилично необична порака.
„Се надевам уживавте во мојот подарок за вас“, напишала пејачката на фотографијата на која позира со два подигнати прста, што во Англија не претставува знак за мир или победа, туку се смета за непристоен потег. Поради тоа, таа завршила на речиси сите англиски портали, кои го протолкуваа нејзиниот гест како дополнителна провокација.
Инаку станува збор за релативно популарна италијанска пејачка и диџејка која, интересно, објавува песни на англиски јазик. Елинора е родена во Рим, но се преселила во Њујорк каде студирала и танцувала во „Broadway Dance Centre“.
Претходно оваа година таа беше финалистка на натпреварувањето за Евровизија, претставувајќи го Сан Марино, но не се квалификуваше.