недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италијански судија ја доби честа да суди на првиот меч на СП во Катар

Италијански судија ја доби честа да суди на првиот меч на СП во Катар

Натпреварот помеѓу Катар и Еквадор в недела од 17 часот, со кој ќе се отвори Светското првенство во фудбал, ќе го суди Даниеле Орсато од Италија.

Орсато кој за неколку дена ќе наполни 47 години, е единствен италијански судија кој ќе дели правда на Мундијалот во Катар.

Досега не судел на СП, а лани „дуваше“ во свирчето на три средби од Европското првенство. Најважен меч кој го има судено му беше финалето на Лигата на шампионите во 2020, кога играа Баерн и ПСЖ.