понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Иван Тричковски ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Кипар

Иван Тричковски ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Кипар

Македонскиот фудбалер Иван Тричковски блескаше во дресот на АЕК Ларнака, беше најдобар стрелец со 15 голови оваа сезона. На листата заврши пред финскиот интернационалец Берат Садик од Докса со 13 голови.

Петпати се запиша во листата на стрелците на меѓународната сцена, а уште 10 погодоци додаде во кипарскиот шампионат.

Поранешниот македонски репрезентативец на свечена церемонија ја доби наградата „Златна копачка“ за прв стрелец.

Ова е вторпат што Македонецот е добитник на „Златната копачка“ во Кипар, претходно тоа се случи во сезоната 2019/2020.