вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Иван Тричковски постигна нови два гола за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Иван Тричковски постигна нови два гола за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски продолжува да игра феноменално сезонава во кипарскиот шампионат и вечерва постигна два гола во победата на АЕК Ларнака од 3-1 на гостувањето кај Анортозис.

Напаѓачот прво погоди за 0-2 од пенал, а потоа и ги постави конечните 1-3 од игра. Поранешниот репрезентативец сега има вкупно 12 голови сезонава.