вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Иван Тричковски со „Златната копачка“ и наградата за нај-напаѓач на Кипар!

Иван Тричковски со „Златната копачка“ и наградата за нај-напаѓач на Кипар!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски ги доби заслужените награди за блескавата одлична фудбалска сезона која ја имаше на Кипар во дресот на АЕК Ларнака.

Напаѓачот на церемонијата организирана од Здружението на спортски новинари го доби признанието за најдобар стрелец, откако постигна 20 погодоци во најквалитетниот кипарски фудбалски шампионат.

Тричковски го понесе признанието и за најдобар напаѓач во идеалниот тим за 2020 година.