Во најсилниот кипарски шампионат Иван Тричковски во 29 запишани настапи постигна вкупно 14 голови.
Благодарение на свои перформанси е избран во тимот на сезоната во најсилното кипарско првенство.
Во својата клупска кариера нашиот играч настапуваше уште во Вардар, Работнички, Црвена звезда, Енозис Неон Паралимни, АПОЕЛ, Клуб Бриж, Ваасланд-Беверен, Ал-Наср и Легија Варшава.
Тимот на сезоната во Кипар: Александар Јовановиќ (Аполон), Факундо Забала (АПОЕЛ), Валентин Роберже (Аполон), Гордон Шилденфелд (Арис), Ховханес Хамбарџумјан (Анортоза), Костакис Артиматас (Анортозис), Кингсли Сарфо (АПОЕЛ), Амр Варда, Силва (Пафос), Ѓорѓи Квилитаја (АПОЕЛ) и Иван Тричковски (АЕК).